еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Денеска истекува рокот за преименување на бугарските клубови

Денеска истекува рокот за преименување на здруженијата, чиишто имиња се сметаат за навредливи и претставуваат провокација што предизвикува тензии меѓу Македонија и Бугарија, во спротивно, согласно законските измени за здруженија и политички партии од ноември 2022 година, ќе бидат затворени.

Здружението од Охрид „Цар Борис Трети“ има поднесено барање до Централниот регистар за промена на името согласно измените во Законот за здруженија и фондации.

Од Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола, пак, на ден пред истекот на рокот, се уште немаа доставено барање за измени.

Бугарските клубови, согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022 година, се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување.

Од Централниот регистар за МИА потврдија дека на 10 февруари е доставен допис со барање за усогласување на работата на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ Охрид  и дека постапката è во тек. За здружението „Иван Михајлов“ од Битола досега не е поднесено барање.

Според постоечката легислатива, доколку двата клуба не го сменат името, треба да заседава владината Комисија и да донесе став, што потоа треба да биде доставен до Министерството за правда и врз основа на тоа министерот да донесе одлука. Доколку одлуката е негативна, здружението треба да биде избришано од Централниот регистар.

Според измените на Законот за здруженија и фондации, се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, третиот рајх и сл.

Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.

Со измените се уредува дека „како име или назив на здружение не можат да бидат употребени имиња што по која било основа во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстремизам, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх. Ако во името на здружението е содржано такво име, одобрение дава министерот за правда, по препорака на  Комисија која ќе биде формирана од министерот за правда со претставници на Министерството за култура, Институтот за национална историја, МАНУ и Министерството за правда“.

Тогаш бугарското МНР изрази загриженост поради изгласаните измени на законите за здруженија и фондации и за политички партии во македонското Собрание, оценувајќи дека „измените имаат за цел дискриминација и ограничување на правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија, бидејќи има еднострано толкување на историските факти“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откако ја „вжештија“ атмосферата, преставниците на македонските Бугари сега ќе посредуваат за „смирување на тензиите„

Еврокомесарот Вархеји: Власта во Скопје дејствува за искоренување на секоја омраза кон Бугарите

Османи се сретна со преставници на македонските Бугари

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинител и истражител од Бугарија доаѓаат во земјава за да земат ДНК од семејствата на загинатите на автопатот „Струма“

Редакција

Горивата поскапуваат од два до 2,5 денари за литар

Редакција

Комерцијална банка оствари добивка од 28 милиони евра за девет месеци

Редакција