еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Денеска средба на Ковачевски со Мицкоски за францускиот предлог

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска ќе одржи средба со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

-Во рамки на широката консултација која започна да се реализира веднаш по добивањето на европскиот предлог, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во текот на утрешниот ден ќе ја одржи средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Оваа средба е дел од низата планирани консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство, соопшти Владата.

Во соопштението се потсетува дека по добивањето на предлогот од француското претседателство, премиерот Ковачевски одржал консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите.

-Премиерот Ковачевски најави дека секоја одлука за предлогот ќе се носи низ дијалог и консултации во интерес на иднината на сите граѓани на Република Северна Македонија, се нагласува во соопштението.

Средбата, како што потврдија владини извори за МИА ќе се одржи во 15:00 часот во Клуб на пратеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Не„ за францускиот предлог на масовен протест во Скопје

Малинка Ристевска Јорданова за „францускиот предлог“: Не треба да остане не

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за избор на кандидат за претседател на Македонија

Редакција

За да се олесни плаќањето во евра, Народната банка поднесе барање за членство во СЕПА

Редакција

Притвор за осомничениот кој им се закануваше на обвинителите Јовески и Русковска и на Ескобар, помошник секретар во Стејт департментот

Редакција