еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Денеска во Собрание седница за разрешување министри од Алтернатива и СДСМ

На денешната седница на Собранието за Предлогот за реконструкција на Владата треба да се констатираат оставки на министри, да се гласа за разрешување на министри и заменици министри и да се изберат нови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се кандидатите за нови министри и заменици-министри

Пред пратениците премиерот треба да го образложи предлогот за  реконструкцијата, со која неговит кабинет ќе добие четворица нови министри и петмина заменици.

Собранискиот деловник за разрешување на министри предвидува седница за која времето за дискусија не е ограничено.

Според член 221 од Собранискиот деловник, Предлогот за разрешување на член на Владата, претседателот на Владата го поднесува во писмена форма до претседателот на Собранието и може да го образложи. По предлогот за разрешување на член на Владата, Собранието одлучува на првата наредна седница.

-По предлогот за разрешување на член на Владата се отвора претрес. Членот на Владата за кого е поднесен предлог за разрешување може да се изјаснува по предлогот во траење од 15 минути, се посочуват во членот 221 од собранискиот Деловник.

Како што стои во член 94 од Уставот, доколку претседателот на Владата предложи разрешување повеќе од една третина од членовите на Владата од првобитниот состав, Собранието одлучува како за избор на нова Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го советувал и Груевски: Кој е Азир Алиу, кандидатот за министер за информатичко општество и јавна администрација на Алијанса за Албанците

Која е Каја Шукова, кандидатката за нова министерка за животна средина и просторно планирање

Кој е Кренар Лога, кандидатот за министер за правда на Алијанса за Албанците

Му бил советник на Таравари: Кој е Фатмир Меџити, кандидатот за министер за здравство на Алијанса за Албанците

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поставени шатори за пациенти пред Инфективното одделение во струмичката болница

Редакција

Цела листа: Кои компании во Македонија влегоа во бизнисот со марихуана

Редакција

Во Дебар и Центар Жупа за еден ден направени околу 1.300 тестови за скрининг на имунитет

Редакција