еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Денот кога вест стана дека вицепремиерот Хазби Лика почнал да доаѓа на работа

Македонија е можеби единствена земја во светот во која меѓу главните вести е онаа дека вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика почнал да доаѓа на работа.

Да беше вест во филм од жанрот комедија или виц можеби ќе беше нормално, но станува збор за сурова реалност која воопшто не треба да биде предмет на шега, туку на сериозна анализа.

Како е можно Владата да дозволи вицепремиер кој зема плата од граѓаните да дозволи толку долго да не доаѓа на работа? Дали му била намалена плата за тој период? Дали користел боледување? Кој ги исполнувал неговите обврски додека тој не доаѓал на работа?

Ова се само дел од прашањата на кои Владата, а пред се премиерот Зоран Заев треба да дадат одговори, бидејќи во спротивно даваат лош пример и само ги потврдуваат тврдењата дека одредени лица во државната администрација слободно можат да си седат дома и за тоа време да земаат плата од буџетот, во кој патем секоја година издатоците за плати во администрацијата стануваат се поголеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хазби Лика доаѓа на работа, не е редовен на седници на Владата

Кој е Хазби Лика, кој може да биде меѓу првите што ќе остане без функција во најавената смена на министри

Вицепремиерот Хазби Лика мераклија за кафеани и ресторани

Фото: Лика/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации распиша тендер за набавка на џип

Редакција

Жената од Кочани имала убодни рани во градите, стомакот, вратот и рацете, убиецот заврши во притвор

Редакција

Скопје пулсираше во ритамот на културата: 19. „Бела ноќ“ ги наполни културните јадра

Редакција