еМагазин
Image default
Локално

Десет пријави во СВР Куманово за измами со набавка на огревни дрва

Во СВР Куманово од почетокот на годината досега регистрирани се вкупно десет пријави на измами со набавка на огревни дрва, соопштија денеска од кумановската полиција. Најчесто, појаснуваат од полицијата жртви на вакви измами се повозрасни граѓани.

Измамниците најчесто им ветувале дека ќе ги снабдат со огревни дрва по пониска цена. Од вкупниот број пријавени две пријави имало во јануари, една во февруари, две во јули. Најмногу пријави, односно три се евидентирани во август и по една има во септември и октомври.

Од полицијата велат дека и на формалните и неформални средби на граѓаните им се укажува како да се заштитат од овој вид измама.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заборавен шпорет предизвика пожар во куќа во Скопје

Редакција

Детали од Обвинителството за убиството на 28-годишното момче во Гостивар

Редакција

(Галерија) Гевгелија во новогодишно издание

Редакција