На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти ззаболени од Ковид-19, информира Министерството за здравство. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 61 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на Ковид-19, 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември” има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се 56 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 230, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 154 пациенти заболени од Ковид-19
Починаа 12 лица од Ковид-19, меѓу нив скопјанец на 41 година
Нови 161 случаи на Ковид-19 од 771 тестирања, најмногу во Скопје
Фото: МЗ