На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација, информираат од Министерството за здравство.
„Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 6 деца позитивни и 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 75 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 127 оздравени пациенти од Ковид-19
Од Ковид-19 починаа тројца пациенти, од Штип, Тетово и Струга
Нови 118 случаи на Ковид-19, половина се од Скопје
Фото: МЗ