Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 7 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 109 заболени од корона вирусот од 762 тестирања, најмногу во Скопје и Куманово
Убава вест: 422 оздравени од корона вирусот, најмногу од Скопје и Штип
Една пациентка од Скопје почина од корона вирусот
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.