Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на Ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 45 пациент. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се 48 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 191, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починаа петмина нови пациенти од Ковид-19
Нови 177 случаи со Ковид-19 од 778 тестирања, најмногу во Скопје 96
Убава вест: Оздравени 107 заразени со Ковид-19, најмногу од Скопје 44
Фото: МЗ