Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на Ковид-19, нема хоспитализирани пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 7 примени, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се 48 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аеродром со рекордни 400 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини
Рекордни 445 случаи со Ковид-19 од 2.441 тестирања, во Скопје дури 249
Починаа девет лица од Ковид-19, вкупната бројка е 809
Убава вест: Оздравени 194 заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје 77
Фото: МЗ