еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците

Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 65 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

„Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 мајки позитивни на Ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се 46 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 229, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини: Аеродром 456, Карпош и Центар „итаат“ кон 400

Убава вест: Оздравени 191 заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје 85

Починаа шест лица од Ковид-19, од кои тројца од Скопје

Регистрирани 438 нови случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје 200

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По инцидентот со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во Шутка, сменети правилата во затворот

Редакција

18. земја по ред: Канада го ратификуваше Протоколот за членство на земјава во НАТО

Редакција

Борисов бара ревизија на издадените бугарски пасоши: Ќе настрадаат ли „побугарчените“ Македонци?

Редакција