еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 411 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болен, а во Куманово 53 пациенти позитивен и суспектен на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 73, во ковид центарот во Гостивар 4, а во Струга 19 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17 пациент, во Кочани 6 во Кичево 8, Кавадарци 45, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 667 и има околу 384 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од Министерството.

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силјановска не сака да седне на „жешкото столче“ на „Телма“

Редакција

Убава вест: Оздравени 259 пациенти болни од Ковид-19

Редакција

Измени во законот: Правосудниот испит ќе се полага писмено и усно наместо електронски

Редакција