Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 610 пациенти позитивен и суспектен на коронвирусот, соопшти Министерството за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 44 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 34 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 82 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 74 во ковид центарот во Гостивар 40, а во Струга 37 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 55 пациент, во Кочани 15 во Кичево 18, Кавадарци 35, во Гевгелија 14 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.036 и има околу 320 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла“, информираат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници
Фото: Министерство за здравство