Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 671 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Вкупно 248 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во ковид – центрите во болниците во другите градови е пријавено дека се лекуваат вкупно 423 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 57 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 55 пациенти, во Прилеп 67, во ковид – центарот во Гостивар 6, а во Струга 18 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациент, во Кочани шест, во Кичево осум, Кавадарци 40, во Гевгелија девет лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.
Фото: Министерство за здравство