еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со заразени од Ковид-19 по македонските болници

Министерството за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти заразени од Ковид-19.

Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 6 деца позитивни и 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени 112 пациенти кои боледуваа од Ковид-19

Починаа уште двајца кумановци заразени со Ковид-19, вкупно 551

Нови 108 случаи на заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По 30 дена притвор за шест лица осомничени за издавање лажни пасоши во случајот „Двојник”

Редакција

Едно лице побарало евакуација од Израел, апел до македонските државјани да се пријават во амбасадите

Редакција

Продолжува судењето за насилството во Собранието, ќе бидат сослушани четворица сведоци

Редакција