еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на сотојбата со Ковид-19 во скопските клиники

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

 

 

Вкупно 356 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало пет приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на ОРЛ и на Институтот за ТБЦ.

Двајца болни се примени на Клиниката за неврологија.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 13 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани пет болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 15 оздравени пациенти.

Во моментот, на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 18 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти, на Клиниката за очни болести осум пациенти, а на ОРЛ седум болни.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 123 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

„Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 128 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка“, велат од Министерството за здравство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Врховен ги одби барања на Владимир Панчевски за преиспитување на правосилната пресуда

Редакција

81,4% од оздравените од коронавирусот во Македонија се лекувале дома

Редакција

Се огласија бугарските интелектуалци: Неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и јазик

Редакција