Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки позитивни на Ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 49 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 225 заразени со Ковид-19 од 1.694 тестирања, во Скопје најмногу 96
Убава вест: Оздравени 96 заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово
Починаа шест пациенти од Ковид-19, тројца од Скопје и по еден од Прилеп, Битола и Тетово
Фото: МЗ