еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Со спорниот член 279-а од Кривичниот законик се врши директен упад во случаите на СЈО

Лавина реакции во јавноста предизвика вчерашното усвојување на измените на Кривичниот законик по скратена постапка со кој меѓудругото се предвидува лице кое неоснованo ќе побара враќање на данок или намалување на обврска за данок, од поголема вредност, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години и со парична казна.

Членот 279 – а Ви го пренесуваме во целост:

„(1) Тој што со намера за себе или за друг да стекне противправна имотна корист, на даночниот орган ќе му даде лажни податоци во даночната пријава, со што ќе го доведе во заблуда даночниот орган, со цел неоснованo да побара враќање на данок или намалување на обврска за данок, од поголема вредност, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години и со парична казна.

(2) Ако износот на обврската од ставот (1) на овој член е од значителна вредност, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години и со парична казна.

(3) Ако износот на обврската од ставот (1) на овој член е од големи размери, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку четири години и со парична казна.

(4) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

(5) Обидот за делото од овој член е казнив“.

ИЗМЕНИТЕ ДИРЕКТНО ВЛИЈААТ НА ЕПИЛОГ ЗА ДЕЛАТА НА СЈО

Според анализи од правници, измените на член 279-a од Кривичен законик директно влијаат на дела чиј опис одговара на криминалите од предметот „Тотал“ и други предмети на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Пред донесувањето на оваа законско решение регираа голем број граѓански организации.

„Ние, долупотпишаните граѓански организации, бараме веднаш да го повлечете од дневен ред Предлогот на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, доставен од пратениците Артан Груби, Снежана Калеска Ванчева, Соња Мираковска, Лидија Тасевска, Весел Мемеди и Реџеп Мемеди.

Инсистираме на повлекување на предлогот, поради промената во членовите на Кривичниот законик, со кои ќе им се овозможи во предметите кои ги води СЈО да се изречат помали казни или делата да застарат и со тоа да не се одговара за криминалот.

Неприфатливо е да се менува Кривичниот законик и кој било друг закон за да се избегне правдата и да се продолжи со заробување на државата од политичките партии. На овој начин се амнестираат криминалот и корупцијата, и продолжува неказнивоста“, велат од граѓанските организации, меѓу кои се и Фондација Отворено општество – Македонија, Фондација за интернет и општество Метаморфозис, НВО Инфоцентар, Центар за европски стратегии Евротинк, Форум-ЦСИД, Коалиција Сите за правично судење, Институт за демократија „Социетас цивилис“ Скопје, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Македонско здружение на млади правници, Агора Центар за промовирање на граѓански вредности Скопје, ЦИВИЛ – Центар за слобода, Коалиција Маргини, Транспарентност Македонија…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Власта со Кривичниот законик простува даночни измами: Општа амнестија на мала врата

Кој се ќе се „спаси“ од СЈО: Собранието ги донесе по скратена постапка измените на Кривичниот Законик

Ќе се спасат ли од затвор Канческа, Авировиќ, Кочан: На Комисија експресно поминаа измените на КЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема недвижнини, но има кредит од 3,6 милиони денари: Каков имот пријавил Бујар Османи новиот министер за надворешни

Редакција

Стагфлација до крајот на годината и веројатност од рецесија кон почетокот на идната година, предвидуваат од „Фајнанс тинк“

Редакција

Филипче: Епидемијата со Ковид-19 го достигна пикот пред една недела, бројот на активни случаи се стабилизира

Редакција