еМагазин
Image default
Локално

Детали од МВР: Тепачката со стапови во Облешево била околу паркирање

На 23.06.2020 во 12.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено  дека на автобуското стојалиште во с.Облешево, поради меѓусебни недоразбирања околу паркирање на возила, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи на лица сите од с.Баница, струмичко, при што биле употребени и дрвени предмети, информира МВР.

Од страна на полициски службеници на сите учесници во пресметката изготвени им се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Тепачка со стапови во Облешево, хит на социјалните мрежи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема големо аерозагадување во Тетово, штетата од пожарот 12 милиони евра, децата може да се вратат на училиште

Редакција

Бездомник пронајден починат во чекалната на Меѓуградската автобуска станица

Редакција

Исчезна момче од Скопје со здравствени проблеми

Редакција