еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Детална листа: Звучни имиња меѓу фирмите кои добиле државна помош, а не им дале плата на вработените

Владата ја објави листата на фирми кои добиле државна помош, а не исплатиле плати на вработените во декември. Меѓу нив има телевизиии, трговски компании и други коишто се добро познати на македонската јавност.

Од оние што не исплатиле плата на вработените, а добиле помош, во декември, 78 компании се од дејноста трговија на мало кои примиле помош во износ од 2.219.584 денари, а не исплатиле плата на 145 вработени, 44 фирми се од дејноста подготовка на оброци и служење храна кои примиле 2.239.825 денари и не исплатиле плата на 130 вработени, 26 фирми се од градежништвото кои добиле помош од 944.106 денари и не исплатиле плата на 57 вработени.

Меѓу фирмите кои ја злоупотребиле финансиската поддршка се и од транспортната дејност, трговија на големо, трговија на големо и мало со моторни возила и мотоцикли и услужни дејности.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во четвртокот информира дека се пратени опомени до компаниите, и предупреди доколку не ја исплатат пмошта, ќе следи присилна наплата со блокада на паричните средства на нивните сметки и пренос на средствата на сметките на вработените и уплатните сметки на УЈП.

Во декември лани 13.162 компнии добиле државна поддршка за 60.986 вработени во износ од 961.865.357 денари.

Целата листа ОВДЕ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени акции од Комерцијална банка за 5,3 милиони денари

Редакција

Државата времено забрани извоз на масло за јадење: Во време на криза, трговците за една недела извезле 330 тони

Редакција

Блок 1 на РЕК Битола исклучен од функција заради интервенции

Редакција