еМагазин
Image default
Интервју

Девојката која беше приведена за пушење на џоинт ексклузивно за „еМагазин“ вели: Подобро е нелегално жив, отколку легално мртов

Моника Ристеска која беше приведена од полицијата за пушење на марихуана на јавно место, во разговор за „еМагазин“ за овој случај, вели дека полицијата немала основ да ја приведе.

„Ме претресоа и немав ништо нелегално. Многу им се навредило егото зашто видеото си го сфатиле како лична провокација. Беа релативно најфини од сите пати до сега што ме треселе. Во кола ме соблече инспекторката по долна облека и потоа на адреса по лична карта во домот на моите родители извршија претрес и таму не најдоа ништо и потоа ме одведоа во полициска станица Ѓорче Петров на информативен разговор, севкупно 4 часа“, одговори Моника на прашањето дали полицијата коректно постапила при нејзино приведување.

Таа додава дека е активист за ослободување на конопот од нејзината 20-та година.

„Целта секогаш е подигање на свеста и укажување на придобивките, укажување на непостоечката штетност и споредба со други легални општопознати супстанци кои можат да те убијат, а секојдневно ги консумираме и без да помислиме на тоа“, вели Моника.

За видеото, за кое и беше приведена, рече дека било непланирано снимено.

„Го следев својот импулс, ангелите така ми шепнаа на увце (се смее). Промената е веќе започната, сега само треба да веруваме дека соодветно ќе биде променета и законската регулатива во поглед на ова прашање“, објаснува Моника за целта на видеото.

Моник Конопова, како што уште е позната на Фејсбук, вели дека околината не ја осудува, реакциите се позитивни, а имало многу малку кои не се на нејзина страна. Тие, како што вели, не се доволно едуцирани на темата.

„Од сите пораки и меилови што ги добив, дали само еден отсто од нив беа вулгарни, другите сите позитивни. Населението верува во мене дека ќе успеам до крај да ги променам работите на оваа тема, ме сакаат и интересен им е радикалниот начин на кој го правам тоа. Добив само поддршка и успеав дури и оние кои се против канабисот, да се замислат и запрашаат и да застанат на моја страна, бидејќи сакаат промени.

Успеав да им докажам дека канабисот е најбезбедниот лек за што постојано пишувам на моите страници. Успеав да им објаснам дека не мора да консумираш за да застанеш на страната на слободата на растението, поради небројните придобивки и непостоечката штетност. Сега луѓето не се плашат кога станува збор за нивното здравје, сфаќаат дека подобро е да се биде нелегално жив, отколку легално мртов“, вели Моника.

Таа вели дека ова не е крај на борбата, затоа што се бори сите кои се осудени за канабис да им биде наплатена барем парична отштета за злоделото.

„Затоа што крајно не фер е злосторниците (убијци, тепачи, педофили) да им бидат давани мали казни и да бидат помилувани, а некој болен или лице кое сакало да помогне на болен на кој му требал канабис – да лежи зад решетки со години! На ова мора да се стави крај!“, вели таа.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(Видео) Девојката која беше приведена, повторно пуши џоинт во камера и прашува: Дома дозволено е?

Владата расположена за дебата за декриминализација на марихуаната

Адвокатот Сашо Дукоски смета дека тоа што девојката јавно пушела џоинт, не е кривично дело

Огромна посетеност на манифестацијата во Скопје посветена на марихуаната, пораките испратени

Драма за еден џоинт!

(ВИДЕО) Македонските музички ѕвезди и јавни личности за декриминализација на марихуаната

Низ светот марихуаната се продава во продавница, кај нас и поседување на еден џоинт е кривично дело

Се раздвижува пазарот за производство на масло од канабис, ќе падне ли конечно и цената

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Марко Видачек, Хрватски форум: Пандемијата не го намали интересот за сезонска работа на македонските граѓани во Хрватска

Редакција

Мукаетов за српски Профит: Продолжуваме да работиме на глобализацијата на брендот „Алкалоид“

Редакција

Неколку глобални и локални свадбени совети со професионалецот Анастасија Плужникова, сопственик на Alikas wedding and event center

Редакција