Развојот на технологијата ги смени нашето секојдневие и начинот на живот, но и начинот на водење бизнис. Се менуваат деловните процеси, структурата и на човечките ресурси, конкурентноста на една компанија, воопшто нејзиниот развој.
Веќе не се поставува прашањето дали треба да ги инкорпорираме новите дигитални услуги, туку колку брзо и какви сѐ напредни инфрастуктурни решенија и услуги ќе користиме.
Само така ќе го подобриме севкупното работење, работните процеси и операции, ќе ги намалиме трошоците и ќе ги зголемиме перформансите, а со тоа нашиот бизнис ќе биде поконкурентен на пазарот, а услугите подостапни и полесно прифатливи за корисниците.
„Технологијата овозможи луѓето да добиваат информации и да комуницираат многу побрзо од порано. Напредната технологија отвори можности кои засекогаш го променија начинот на кој се води бизнис. Технологијата отвори неограничени перспективи, независно од тоа од каде потекнувате, каков е вашиот професионален бекграунд или искуство.
Технологијата може да биде добра или лоша зависно од корисникот, зависно од тоа дали и како ќе ги искористите нејзините потенцијали”, изјави Тим Кук, извршен директор на Apple, во интервју за документарниот сериски филм Аксиос.
Технологијата го промени начинот на водење бизнис и во нашата земја. Таков е и примерот со компаниите Тинекс, Тиквеш и Еуролинк осигурување, кои користат напредни инфрастуктурни услуги и решенија од Македонски Телеком, кои скапата и неефикасна ИТ инфраструктура ја заменија со иновативни дигитални решенија, обезбедувајќи непречена работа на својот бизнис, намалување на трошоците и поголема ефикасност.
Некои од услугите кои ги користат се: виртуелен диск за безбедно чување на податоците, што им овозможува целосна приватност и достапност од каде било и во кое било време, дата хостинг центар, виртуелен приватен сервер…и многу повеќе…
Технологијата има огромно влијание на бизнисите. Какво ќе биде, зависи од тоа колку брзо ќе ги прифатите промените. Едно е сигурно, комуникациската технологија оди и ќе оди напред.
На претприемачите останува да решат дали сакаат и понатаму нивните компании да останат во игра на постојано растечкиот пазар.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА