еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДИК: До 19 часот излезноста 45,77 проценти

До 19 часот на гласање излегле 830.370 граѓани со право на глас односно одзивот е 45,77 проценти, објави вечерва Државната изборна комисија (ДИК).

Обработени се податоци од 3.463 гласачки места.

Според податоците што ги објави на прес-конференција портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, најголема излезност има во Четвртата изборна единица – 53,24 проценти, а најмала и понатаму останува Шестата изборна единица со 35,49 проценти.

Во Втората изборна единица излезноста е 43,04 проценти, во Третата 51,52 и во Петтата 44,89 проценти.

По првпат годинава поради пандемијата гласањето е продолжено за два часа од вообичаеното, односно ќе се гласа до 21 часот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тојота авто центар“ го доби тендерот на ЗЕЛС за набавка на возило

Редакција

Половина деценија стратешко партнерство меѓу бразилскиот фармацевтски лидер EMS и Галеника во функција на здравјето во регионот

Редакција

Собранието ја констатираше оставката: Груевски и официјално се збогува од пратеничката функција

Редакција