Државната изборна комисија ги известува граѓаните дека јавниот увид на податоците на избирачкиот список ќе започне на ден 9 август и истиот ќе трае до 23 август 2018 година до 24:00 часот.
„Се повикуваат сите заинтересирани граѓани на Република Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во истиот, тоа да го направат на следните начини:
– на веб страницата на Државната изборна комисија https://izbirackispisok.gov.mk/ и
– во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија“, се вели во соопштението на ДИК.
Во него се додава дека Избирачкиот список кој се става на јавен увид е со состојба на податоци на граѓаните кои заклучно со 30 септември 2018 година станале полнолетни.
Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во избирачкиот список, граѓаните ги поднесуваат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.
Списокот на адреси на подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија може да се најдат на следниот линк: http://www.sec.mk/kontakt/