еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДИК: Гласале 7.861 болни и немоќни, 234 лица во домови за вонсемејна грижа и 1.235 затвореници

Вкупно 7.861 болни и немоќни лица го остварија правото на глас вчера на вториот ден од гласањето на предвремените парламентарни избори.

Што се однесува до лицата кои се наоѓаат во домови за вонсемејна грижа, од вкупно 357 пријавени избирачи во оваа категорија, гласале 234, а во казнено поправни установи 1.235 лица, соопшти на прес-конференција портпаролот на Државната изборна комисија (ДИК), Адмир Шабани.

-Според податоците на ДИК, вкупно гласале 7.861 лице како болни и немоќни. Овие податоци ќе се докомплетираат кога одредени општински изборни комисии ќе ги достават своите податоци од гласањето на оваа категорија граѓани, по што ќе ги објавиме сто отсто од податоците, рече Шабани.

Од вкупниот пријавените 357 лица во домовите за вонсемејна грижа, пак, правото на глас го оствариле 234 односно 80,62 отсто.

– Од гласачите кои се наоѓаат на издржување казна затвор во казнено поправни установи има добиено податоци за гласање на 1.235 лица. Треба да се достават податоци уште за КПУ Прилеп за да се комплентира во целост бројката за оваа категорија на лица. Од досега добиените податоци, излезеноста е 74,53 проценти, појасни Шабани.

Своето право на глас можеа да го остварат 8.855 болни и немоќни лица, 357 граѓани во 17 старски домови и 1.657 затвореници во 13 казнено-поправни установи.

На првиот ден на гласањето, за кандидатските листи се изјаснуваа лицата со Ковид-19 и во самоизолација. Државната изборна комисија соопшти дека правото на глас го искористиле 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени две лица на протестот за уставните измени пред Собранието

Редакција

Рашковски поднесе кривични пријави за обвинителките Русковска и Трајчева, за пет кривични дела

Редакција

Заев на долго и широко за уставните измени, барањата на БЕСА, помирувањето…

Редакција