еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

ДИК: Излезноста до 18:30 часот е 48,88%

Излезноста до 18:30 часот на вториот круг на Локалните избори 2021 е 48,88 проценти. На гласање излегле вкупно 558.943 граѓани, изјави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.

Најголема излезност има во Вевчани – 81,2 проценти, потоа во Росоман – 80,81 процент и Демир Капија – 80,37 проценти, додека во останатите општини излезноста е под 78 проценти. Најмала излезност има во Сарај – 28,12 проценти.

– Сметам дека сите се уверивме дека имавме успешен и мирен гласачки ден, со изолиран број на инциденти, кои не се организирани. Имавме  фер и демократско гласање, каде видовме дека уредите за биометриска идентификација на гласачите работеа беспрекорно, освен некои случаи сабајле, кои се регулираа и веќе не се повтори тоа, изјави Даштевски.

Да почекаме, нагласи Даштевски, да се пребројат резултатите и да заклучиме дека денот помина успешно.

Тој информираше дека гласањето ќе се продолжи во Центар на избирачко место – 2867/1 за два часа и 55 минути, во избирачкото место 2831 – два часа 55 минути и во избирачкото место 2815, два часа и 55 минути.

Во Сарај гласањето ќе се продолжи на избирачкото место 2433 – два часа и 45 минути, на гласачкото место 2435 – два часа и 45 минути, на гласачко место 2438 два часа.

Во Карпош гласањето ќе се продолжи на избирачкото место 2652 – два часа и 30 минути, во Чешиново – Облешево на гласачко место 0887 – еден час и 11 минути, во Зелениково на гласачко место 2373 – два часа и 15 минути, во Пробиштип на избирачко место 1566/1 еден час и 55 минути и избирачко место 1572 два часа.

Во Долнени гласањето ќе се продолжи на избирачкото место 1471 еден час и 30 минути.

До ДИК, како што информираше Даштевски, пристигнале 739 приговори, од кои 642 се прифатени, 45 одбиени и за 52 е констатирано дека се во избирачки список, гласачите кои ги поднеле. 

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали е на повидок нова војна: Повторно судир меѓу Азербејџан и Ерменија за спорниот регион Нагорно-Карабах

Редакција

Да се поведе прекршочна постапка за Ева Шуклева, откако е на функција нема поднесено анкетен лист, велат од Антикорупциска

Редакција

МНР ги отфрла сите наводи дека се подготвуваат нови документи со Бугарија надвор од Протоколот

Редакција