еМагазин
Image default
Македонија

Димитриевски за изборот на претседател на СДСМ: Не сакам да се случи да избереме лидер марионета

Во своето гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител ТВ, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски посочи дека очекува оставката на лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев да биде реализирана.

„Тој тоа го најави, го поздравувам, бидејќи тоа е еден вистински пример како треба да се развива демократијата во нашата држава. Но, за жал, голем дел на луѓе од неговото опкружување кои можеби беа туторите на главните политики во партијата се уште молчат, а тие треба да излезат јавно и да сносат одговорност, како тоа СДСМ од една добра позиција, дојде во една таква состојба.

Не можам да предвидам што ќе се случува, можам отворено да кажам што не сакам да се случи. Не сакам да се случи да избереме лидер марионета. Не сакам да се случи да избереме раководство коешто ќе биде во функција на некого или на поранешното раководство.

На СДСМ му е потребен сериозен тим на луѓе кои ќе продолжат да анимираат сериозни позитивни политики за граѓаните и државата“, кажа Димитриевски.

Димитриевски потенцираше дека членството е тоа коешто согласно статутот избира лидер и членството треба да одлучи кој ќе биде следниот лидер на СДСМ.

„Никогаш не сум го кажал тоа во јавноста дека имам такви амбиции. Еднаш мислам дека реков кај вас во студио дека човек без амбиции не треба да се занимава со политика, но, во овој момент не размислувам за такво нешто, иако сите опции се отворени, бидејќи членството е тоа кое во внатрепартиска постапка треба да го даде своето видување и мислење.

СДСМ е многу голема политичка партија. Своевремено броеше и над 120 илјади членови. Треба да им се даде можност на сите, и на овие членови кои денеска имаат пластични, електронски картички, но и на оние членови кои некогаш имаа сини книшки и знакот ружа како бренд на Социјалдемократскиот сојуз да одлучуваат“, рече Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милевски за изборот на нов претседател на СДСМ: Се надевам овој пат ќе имаат повеќе од еден кандидат за лидер

Зошто Димитар Ковачевски се споменува за нов мандатар, и кога тој стана висок „партиски играч“ во СДСМ

Заев во вторник ќе поднесе оставка во СДСМ

Фото: Фејсбук/Димитриевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обезбедени дополнителни 140 милиони денари за лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза

Редакција

Русковска: Загрозениот сведок рече дека Никола Груевски бил организаторот на упадот во Собрание

Редакција

Денеска без полициски час, од утре почнува од полноќ

Редакција