еМагазин
Image default
Бизнис

Директорот на Финансиската полиција, Муареми: Повеќе од 140 фирми во организираната мрежа во „Еуростандард банка“

Директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми вечерва изјави дека се на добар пат да докажат каде завршиле парите од „Еуростандард банка“.

„На добар пат сме да ја докажеме одговорноста на сите вмешани страни кои се дел од оваа алка“, рече Муареми во гостувањето во Телевизија 24.

Тој истакна дека за „Еуростандард банка“ постапуваат по неколку добиени наредби од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„На почеток мислевме дека не е толку организирано, но кога веќе почнавме да истражуваме во самата банка и по добиените банкарски сметки од неколку фирми, веќе утврдивме голема мрежа која може да кажеме дека не се работи за 140, туку за повеќе фирми“, нагласи Муареми.

Тој посочи оти е факт дека кога се работи за јавните пари секогаш постои ризик за корупција.

„Тешко е да докажеме каде завршуваат парите, бидејќи не секогаш тие завршуваат во нашата држава, некогаш се прелеваат во друга дражава. Големиот дел на корупцијата од тоа доаѓа“, посочи Муареми.

Управата за финансиска полиција, како што додаде тој, веќе почнала предистражна постапка за две-три други банки, кои постапувале на сличен начин, но разликата е во тоа што другите банки го искористиле заложното право.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лимони има, а трговците на големо и мало да не манипулираат со цените

Редакција

Прилепски „Тутунски комбинат“ со загуба од 60,4 милиони денари за три месеци

Редакција

Шпаркасе Банка ги предупредува студентите: Има обид за фишинг напад за студентскиот оброк

Редакција