еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради бегството на Мемети ќе биде сменет директорот на Управата за извршување санкции

Не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда и веќе почнав процес на селекција на нов директор, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање за корупција во затворите во врска бегството на затвореникот Беким Мемети за што на вработени од „Идризово“ им е определен притвор и се осомничени дека го овозможиле бегството.

Промената на директорската функција во Управата, како што појасни, нема да биде на седница на Владата утре, туку на некоја од наредните седници.

За затворот „Идризово“, рече Ковачевски, новиот директор е назначен пред неколку месеци, а претходниот бил сменет врз основа на консултации што ги имал со меѓународни институции во областа за управување затворски систем и на институции кои финансираат унапредување на затворски систем.

-Врз основа на тие консултации и разговори што ги имав тогаш направивме промена на директорот на затворот „Идризово“. Сега, врз основа на неколкуте пропусти што се направени, ќе имаме нов директор на Управата за извршување санкции, додаде Ковачевски.

За случајот со бегството на осуденикот Мемети рече не би образложувал повеќе затоа што е во надлежност на Обвинителството, но се заблагодари на Министерството за внатрешни работи што ја завршило својата работа, реагирало брзо и го санкционирало случајот.

– Единицата за корупција во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција веќе поднесе кривична пријава против четворица затворски полицајци – командир и надзорници вработени во КПУ „Идризово“, рече премиерот Ковачевски одговарајќи на прашања на прес-конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за командир и двајца затворски полицајци за бегството на Беким Мемети

За што е осуден Беким Мемети, кој избега од Идризово и рани затворски полицаец

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државата треба да го реши и станбеното прашање на фамилијата Белчовски, која ги донираше органите на трагично загинатата Верица

Редакција

Ветрот и се насмеа на власта: Излезете надвор, во Скопје се дише

Редакција

Од 2.272 починати од Ковид-19 од август до декември, 21% биле вакцинирани

Редакција