еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот певтинува за 2,5, а бензините за половина денар

Малопродажната цена на Еуродизел од полноќ се намалува за 2,50 денари, а на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 за 0,50 денари по литар.

За 2 денари поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе биде 93,50, а Еуросупер БС – 98 ќе чини 96 денари за литар.

Еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава за 96 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за 91 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,806 ден/кг и ќе изнесува 49,189 ден/кг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен адвокатот на Палевски кој го однесе во Белград, дали ќе има притвор за него ќе се знае денеска

Редакција

Демократски сојуз бара расправа во Собранието за коридорите 8 и 10д и ревизија на досегашните трошоци

Редакција

„Тежок“ тендер на ГА-МА: Кој ќе го осигура системот за пренос на гас?

Редакција