еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поскапува за два денари

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денари за литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуродизел БС (Д-Е V) ќе изнесува 78 денари за литар, Еуросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81,5, Еуросупер БС – 98 за 83,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 77 денари  за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС останува 41,266 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,301 отсто, кај дизелот за 3,867, кај екстра лесното масло за 1,667 и кај мазутот за 1,424 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период е повисок за 0,075 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе бара одложување на одлуката за аплицирање на граѓаните за влез во ЕУ и плаќање по седум евра

Редакција

(ВИДЕО) Заев со сопругата Зорица, на богослужба за Велигден во „Свети Григориј Палама и Димитриј“

Редакција

Директорот на ЦУК, Ангелов за пожарите: Нека гори се, само сите да се живи и здрави

Редакција