еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ребаланс: До кога буџетот ќе го празнат општини, фондови, јавни претпријатија…

Собранието вчера го усвои ребалансот на буџетот со кој парите предвидени за капитални инвестиции беа реалоцирани и тоа речиси 50 милиони евра за да се покријат долговите на општините, 660 милиони денари за да покрие дупката во Фондот за пензиско и инвладиско осигурување, пари беа одвоени и да се покрие недостатокот во Фондот за здравствено осигурување…

Со ваквата постапка, Владата наместо реализација на капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура кои би придонеле за подобро живеење на населението, забрзан транспорт и намалување на трошоците на компаниите, реши парите да ги распредели да се покрие нечие недомаќинско работење.

Ако при тоа се земе предвид дека најголем дел од парите во буџетот одат за плати во администрацијата и социјалните трансфери се поставува прашањето каква придобивка имаат граѓаните и компаниите кои секоја година го полнат буџетот со свои пари преку плаќање на даноците.

Останува впечатокот дека оваа Влада, како и претходните се однесува како мајка кон буџетарите и истовремено како „лоша маќеа“ кон граѓаните и приватниот сектор иако парите кои се трошат се на вториве.

Затоа, крајно време е да се направи суштинска промена на законите со кои неодговорните градоначалници и недомаќинското работење на јавните претпријатија ќе се казнува.

Слични реформи се потребни и во однос на буџетското планирање и трошење со кои барем една третина од буџетот би се вложувале во капитални инвестиции – нови патишта, пруги, училишта, болници… и следствено на тоа казни за одговорните лица кои нема да успеат да ги реализираат капиталните инвестиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПИОМ ќе пропадне без буџетски пари: Бројот на пензионери расте побрзо од бројот на вработени

Собранието го донесе ребалансот на буџетот за 2018 година: Повеќе пари за општините, за да излезат од долгови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Само во Македонија: Протест во скопски Ченто сред полициски час

Редакција

Денеска се очекува втора рунда преговори меѓу Москва и Киев

Редакција

(Видео) Хит на социјалните мрежи: Украдена шолја од јавен тоалет во Штип

Редакција