еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

До недела сончево и потопло, од понеделник облачано со дожд и пониски температури

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со свежи утра, со појава на мала до умерена облачност и со благо покачување на дневната температура, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во недела од крајот на денот ќе се зголемува облачноста и во понеделник ќе преовладува претежно облачно време со умерен до повремено пороен дожд, појава на грмежи и засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Утринските температури ќе бидат во интервал од 10 до 20, а максималните дневни ќе достигнат до 36 степени.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

166 нови случаи на Ковид-19 од 1.049 тестирања, во Скопје 88

Редакција

МВР го штити возачот на автобусот во кој загинаа 14 лица бидејќи добивал закани по животот

Редакција

Нови 186 случаи на заразени со Ковид-19 од 1.674 тестирања: Најмногу во Скопје, Куманово, Кочани и Струмица

Редакција