еМагазин
Image default
Балкан

Анкета: Мнозинството Грци ќе продолжат да не викаат „Скопје“

Речиси 7 од 10 Грци сметаат дека Договорот од Преспа многу ќе влијае на гласот на граѓаните на следните избори, според последното истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Alco” за грчката телевизија „Open”, јави дописничата на МИА од Атина.

На прашањето „дали сметате дека Договорот од Преспа ќе влијае многу, малку или воопшто на гласот на граѓаните”, 67 проценти од анкетираните одговориле „многу”, 23 отсто „малку”, а само 6 проценти воопшто, додека пак 4 отсто рекле дека не знаат или одбиле да одговорат.

За разлика од големото влијание на договорот, позитивните владини мерки за Грците многу помалку ќе влијаат на нивната одлука за кого ќе гласаат. За тоа дали зголемувањето на минималната плата и останатите економски мерки ќе влијаат на гласот на граѓаните, 39 проценти рекле дека влијанието ќе биде големо, 35 отсто мало, а 19 проценти дека воопшто нема да влијае.

Истражувањето покажало дека и покрај стапувањето на сила на Договорот од Преспа и новото име за нашата земја, мнозинството Грци ќе продолжат да го користат терминот Скопје. 59 проценти одговориле дека соседната земја ќе ја нарекуваат Скопје, 37 отсто Северна Македонија, 7 проценти ПЈРМ, а исто толку проценти од анкетираните рекле дека не знаат или одбиле да одговорат.

За грчката економија, 71 проценти рекле дека оди во погрешна насока, а 42 отсто сметаат дека ситуацијата во земјата ќе беше иста доколку на власт беше Нова демократија.

Во однос на распоредот на силите на грчките партии, Нова демократија е прва со 6.5 проценти пред СИРИЗА, а потоа следат Златна зора, Комунистичката партија, Движење на промена, Сојуз на централисти, а Незавсини Грци и Река остануваат вон парламентот.

Истражувањето на агенцијата за рејтинг „Alco” за телевизијата „Open” било спроведено преку телефонски интервјуа од 18 до 23 февруари, и биле анкетирани 1.000 лица со право на глас од цела Грција.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе не вика Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот лидер на СИРИЗА, Стефанос Каселакис ќе оди во војска

Редакција

Бугарија пред нови избори, Трифонов го повлече предлогот за избор на нова влада

Редакција

Како да го пополните формуларот за влез во Грција

Редакција