Ако на ниво на државата се спроведе референдум, штипјани најверојатно наместо на едно референдумско ќе одговараат на две прашања.
Дополнително за нив ќе биде дали се согласни да се искористат парите од самопридонесот за реконструкција на старата и дотраена водоводна мрежа на територијата на Штип.
Според градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, ова е одлична можност за спорведување на референдумот, бидејќи нема да се трошат дополнителни финансиски средства.
-Неопходно е искористување на средствата од самопридонесот во насока на обнова на водоводната мрежа на територија на Општина Штип. Сметам дека ова е одлична можност да не се практично одобруваат и трошат дополнителни финансиски средства за распишување на наменски референдум за оваа цел, туку во рамки на референдумот кој ќе биде најверојатно одржан, граѓаните на Општина Штип да бидат прашани за можноста за искористување на парите од самопридонесот, вели Јорданов.
Во меѓувреме во тек се преговорите со фирма изведувач која треба да започне со изградба на Линија 2 во Штип. Но, Јорданов вели, кога и на кој начин детални информации нема.
-Сѐ уште немаме информации кога би се случило тоа, од нужна потреба е поставување на оваа линија, изработка на оваа линија.
Неколкупати до сега комунициравме на оваа тема, но сѐ уште немаме прецизен и точен датум кога ќе започнат градежните активности затоа што процесот не зависи од нас.
Јас се надевам затоа што повторно ќе кажам е потреба на граѓаните на Општина Штип дека ден побрзо ќе се случи почетокот на градежните активности за изработка и поставување на главна водоводна линија два, рече Јорданов.
Изградбата на оваа линија ќе овозможи непречено водоснабдување во високите зони и индустрискиот дел на градот. Инаку, општината треба да добие 1,2 милион евра за овој проект, средствата се од неизградениот карго аеродром, односно од ТАВ.
МИА/Фото: Општина Штип