еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Илчо Ефкоски објаснува кои лица се изложени на сериозна болест од Ковид-19

Доктор Илчо Ефкоски за „Слободен печат“ објаснува дека изложени на ризик од сериозна болест од Kовид -19 се постарите луѓе, но, ризикот може да се зголеми и кај луѓе на која било возраст кои имаат сериозни здравствени проблеми – како што се болести на срцето или белите дробови, ослабен имунолошки систем, дебелина или дијабетес.

Секој од факторите засебно може да го зголеми ризикот од проблеми со Ковид-19, колку повеќе толку е поголем проблем за регулирање.

-Луѓето на која било возраст може да се заразат, но најчесто тешко поминуваат средовечните и постарите возрасни лица. Ризикот од развој на опасни симптоми се зголемува со возраста, при што оние кои имаат 85 години или повеќе, се изложени на најголем ризик од сериозни симптоми.

Постарите луѓе исто така имаат и поголема веројатност да имаат Алцхајмерова болест. Тоа може да им го отежне запомнувањето на мерките за заштита кои се препорачани за спречување на заразувањето.

Ковид -19 ги ​​таргетира белите дробови. Поголема е веројатноста да развиете тешки симптоми ако веќе имате хронични проблеми со белите дробови, вклучувајќи хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), рак на белите дробови, цистична фиброза, белодробна фиброза, умерена до тешка астма, пулмонална хипертензија, белодробна емболија и апнеа при спиење, вели доктор Ефкоски.

Тој додава дека многу срцеви заболувања може да предизвикаат поголема веројатност да развиете тешки симптоми на Ковид-19, но главни се кардиомиопатија, вродените срцеви заболувања, срцева слабост, коронарна артериска болест, длабока венска тромбоза, мозокот и нервниот систем.

Две болести сепак се издвојуваат, а тоа се мозочниот удар и деменција, дијабетесот и дебелината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Досега не се пронајдени податоци за штетни состојки во вакцините против Ковид-19, кои би можеле да и наштетат на трудница и на нејзиниот плод, велат од ИЈЗ

Проф. Трајковски: Сите со коморбидитети не умираат од ковид, но речиси сите умрени од вирусот ги имале

Во САД се испитува вакцина со трајна заштита против Ковид-19, открива доктор Пеева, Македонка која работи во Фајзер

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска променливо облачно со слаб локален дожд, магла во одделни котлини

Редакција

Вработена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола во алкохолизирана состојба, врзала едно од децата за кревет

Редакција

(Видео) Исповед на трансродово лице кое поминува низ пекол: Ќотекот и караниците ништо нема да сменат

Редакција