Немањето ни приближно доволно PCR тестови на државно ниво е директен атак врз здравјето на народот и флагрантно кршење на човековите права, пишува доктор Ненад Лазаров на неговиот Фејсбук-профил.
„Ниту може рано да дијагностицираме, ниту пак да изолираме, со тоа свесно и намерно се пушта цел народ низ вода, да го цитирам Ф: “да изгори епидемијата”.
Што да правам со симптоматски пациенти во тие неколку дена, па и недела додека чекаат термин за тест???
Молкот на фелата е недозволив,“ пишува Лазаров.
Тој исто така изнесе податок дека вчера испратил ковид пациенти со ковид упат за крвни анализи во поликлиника Јане Сандански, а им закажале боцкање на 22 октомври.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Лазаров: Вакцинирајте се веднаш, сите непрележани и невакцинирани, се коцкате скапо!
Доктор Лазаров: Не пуштајте дете на училиште, ако во семејството имате позитивен случај
Фото: Фејсбук/Лазаров