еМагазин
Image default
Локално

Долг од 15 милиони денари причина за прекинот на снабдување со природен гас во Oпштина Чаир?

Граѓаните на општина Чаир кои се греат на парното на компанијата Скопје Север АД – Скопје, викендов беа без парно греење.

Снабдувачот Скопје Север АД – Скопје веќе потврди дека снабдувањето е прекинато од 23 овој месец, бидејќи Макпетрол Пром-гас го прекинало снабдувањето со природен гас, поради неплаќање од страна на Скопје Север – Скопје за веќе испорачаните количини природен гас.

Дознаваме дека неплаќањето на испорачаната количина на гас кон Макпетрол Пром-гас е поради долг на Oпштина Чаир во висина од околу 15 милиони денари кон Скопје Север АД – Скопје, со што е нарушено финансиското работење на компанијата и е главна причина за прекин на испораката на греење.

За среќа на граѓаните, овој проблем е брзо решен, односно веќе од неделата, 25 овој месец, е продолжена испораката на греењето, но, сепак немаме информација дали долгот кој го има Oпштина Чаир спрема Скопје Север АД – Скопје е надминат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изнуда во Скопје: Му влегле дома, го истепале и му го зеле возилото

Редакција

Охриѓанец се тепал на „Туристичка“ наместо да биде во изолација

Редакција

По пад од мотоцикл настрада 28-годишник од делчевското село Стамер

Редакција