еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Домашната туристичка индустрија како Ел Дорадо, без инспектори и полиција, вели директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Јаневски

Два во Скопје и еден или двајца во Охрид, толку лиценцирани инспектори за туризам има во земјава. Пазарот не е регулиран, голем е бројот на диви туристички водичи, а сивата економија тивко, но во континуитет се зголемува, вели директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски.

Јаневски оценува дека домашната туристичка индустрија моментно е како Ел Дорадо. Не само што нема инспектори, туку нема ниту полиција.

– Во домашната туристичка индустрија, која треба да биде регулирана од локалната самоуправа, моментно е Ел Дорадо. Неможноста да се регулира пазарот, да се подобри Законот за туристичка дејност кој е неколку години заглавен во лавиринтите и да се формира инспекција и полиција за туризам, низ годините овозможува зголемување на сивата економија и резултира со неконкурентност во туристичката индустрија.

Да ги земеме како репер Скопје и Охрид, два поголеми туристички центри. Во Скопје има два лиценцирани инспектори за туризам, а во Охрид еден до два. Тоа воопшто не е доволно за регулирање на пазарот. Затоа имаме и диви водичи, кои не се лиценцирани, нагласува Јаневски за МИА.

Тој смета дека мора да се зголемат и надлежностите на Агенцијата за туризам.

– Веќе кажав дека пандемијата ќе го покаже своето лице и на еден друг начин – покажа дека не бевме подготвени во регулирање на пазарот. Тоа мора да го направиме и да им дадеме јасен сигнал на инвеститорите да вложат во нови сместувачки капацитети, а на постоечките да го подобрат своето работење и услуга, да се овозможи да бидат доволно конкурентни со другите дестинации.

Сивата зона во туризмот треба да ја намалиме во некои рамки од 15 – 20 проценти што ќе претставува огромен успех во наредните две до три години, дециден е Јаневски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени акции од „Макпетрол“ за девет милиони денари

Редакција

Дојавата за бомба во Судот во Охрид лажна, вработените вратени на работните места

Редакција

На три групи насловени како „Јавна соба“ повторно се споделуваат експлицитни фотографии од девојки и момчиња

Редакција