еМагазин
Image default
Да помогнеме

Донирајте стара хартија за нова Брајова книга за училиштето „Димитар Влахов“

Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов -Скопје, започна кампања под мотото „Донирајте стара хартија – за нова Брајова книга“.

Денеска, во Свечена Сала ќе има поставено кутии, секој што ќе биде во можност и сака, може да донесе стара хартија и да донира.

„Целта на акцијата е да собереме стара и неупотреблива хартија (стари книги, учебници, списанија итн.) со цел истата да ја рециклираме и да добиеме нова хартија која ќе ја употребиме за изготвување на учебници на Брајово писмо.

Приклучите се во акцијата,“ се вели во апелот на europehouseskopje.

Фото: europehouseskopje

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Поддржете ја Виолета од Штип, самохрана мајка на три деца, да го развие семејниот бизнис

Редакција

И требаме на малата Елеонора: Потребни се 21 илијади евра за да има нормален живот

Редакција

Потребни сме на Љупчо Нешков, самохран татко кој е неподвижен по операција на тумор на ‘рбет

Редакција