Дописникот на британски „Гардијан“ од Будимпешта, Даниел Нолан го фотографирал поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта, кој избега од Македонија и доби азил во Унгарија.
Фотографијата синоќа беше споделувана на социјалните мрежи, но не беше наведен авторот.
Груевски бил фотографиран од Нолан во центарот на Будимпешта, како чекори кон штанд за автобуски туристички тури „Хоп Он – Хоп Оф“. Фотографијата е направена пред бутикот „Ретрок“ близу метро станицата „Деак Ференц“ и паркот „Ержебет“ во Пешта, односно ноќниот клуб „Аквариум“.
Gotcha! Fugitive ex #Macedonia PM @GruevskiNikola spotted in Budapest. pic.twitter.com/EhN02ZYI9v
— dan nolan (@nolan_dan) December 11, 2018
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Груевски се шета низ Будимпешта?
Фотографијата на Груевски во Будимпешта го „збесна“ Твитер: „Абе каци ти“
Фото: Груевски/Фејсбук