Од Фершпед АД Скопје, преку Македонската берза информираат дека Одборот на директори (ОД) извршил промена на позициите кај избраните извршни членови на ОД.
На позиција генерален директор е именуван Драган Наков.
-Извршниот член на Одборот на директори – генералниот директор Драган Наков, согласно одредбите од статутот на Друштвото има неограничени овластувања, го застапува Друштвото во односите со трети лица и е одговорен за водење на работите на Друштвото во рамките утврдени со закон и Статут.
На позиција заменик генерален директор е именуван Иван Петровски. Извршниот член на Одборот на директори – заменик генералниот директор Иван Петровски е одговорен за водење на комерцијалното работење на Друштвото, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драган Наков избран и за претседател на Управниот одбор на Лотарија на Македонија
Драган Наков избран за претседател на Одборот на директори на Хотели Метропол