На најновата Листата на должници на Управата за јавни приходи (УЈП), бр.08/2018, објавени се 2.290 должници – правни лица (повеќе за 221 од претходната листа) и 2.091 физички лица (повеќе за 279 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.642.529.712 денари, повеќе за 509.561.690 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.502.770.116 денари (повеќе за 504.840.138 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 139.759.596 денари (повеќе за 4.721.552 денари од претходната листа).
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.