еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Драстично расте инфлацијата во Русија, до крајот на годината може да стигне 20%

Инфлацијата во Русија на крајот на оваа година би можела да достигне 20 отсто, изјави шефот на руската комора на сметководители, Алексеј Кудрин, пренесуваат руските медиуми.

-Најверојатно ќе дојде до 20 проценти, можеби 17 до 20 проценти, некаде во тој опсег, рече Кудрин, поднесувајќи извештај за работата во 2021 година до Советот на Федерацијата во средата.

Руската централна банка (Банката на Русија) и Министерството за економски развој се очекува во април да ги презентираат новите прогнози.

Според истражувањето на аналитичарите спроведено од Банката на Русија на почетокот на март, годишната инфлација во декември оваа година ќе биде 20 отсто, следната година осум, а во 2024 година ќе забави на 4,8 отсто.

Според руската државна статистичка агенција Росстат, инфлацијата во Русија во март изнесува 7,61 отсто на месечно ниво, од 1,17 отсто во февруари, на 16,69 отсто на годишно ниво, од 9,15 отсто еден месец претходно.

Месечната стапка на инфлација од 7,61 отсто во март е највисока од јануари 1999 година, кога беше 8,38 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За еден месец трговската размена меѓу Кина и Русија пораснала за 12,76%

Руската економија годинава ќе падне за 10%

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателката на Антикорупциска, Димитровска, одавала податоци кои се службена тајна на обвинет во случајот „Адитив“: Детали од Обвинителство

Редакција

Притвор од 30 дена за таткото на момчето кое уби осум ученици во училиште и чувар

Редакција

Хирургот во кумановската болница Драган Тасевски почина од Ковид-19

Редакција