еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Државна и црковна делегација ќе оди во Ерусалим за преземање на Благодатниот оган од Базиликата на Светиот гроб

Државна и црковна делегација од Македонија, предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во чиј состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски, утре ќе учествуваат на церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим” во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, Државата Израел.

Свечената церемонија на пристигнување на државната и црковната делегација и предавање на Благодатниот оган на аеродромот во Скопје, како што соопштија од владината прес-служба, е предвидена за утревечер, во 20:00 часот, со директен пренос на МРТВ.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска облачно со повремени врнежи од дожд

Редакција

„Брзо и агресивно го напаѓа црниот дроб на децата“: Доктор Софијанова за непознатиот аденовирус

Редакција

Вечерва и утре на небото ќе видиме полна снежна месечина, која ќе свети повеќе од вообичаено

Редакција