еМагазин
Image default
Македонија

Државниот завод за статистика дневно ќе добива податоци за заболените со Ковид-19 по општините

Државниот завод за статистика интензивно работел со Комисијата за заразни болести и со Министерството за здравство додека се подготвувал протоколот за реализирање на претстојниот попис, а од следната недела почнува преку „Мој термин“ да ги добиваат на дневна основа сите новодијагностицирани случаи по општини, за да може да се планира начинот на нивното попишување, односно периодот во кој тие ќе бидат во изолација, кога излегуваат од изолација, каде живеат и како да се организира нивното попишување.

Ова го изјави Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика на денешната прес – конференција одговарајќи на новинарско прашање дали имаат редовна комуникација со Комисијата за заразни болести, со оглед на тоа што состојбата со Ковид-19 се менува секој ден.

На прашањето колку домаќинства попишувачите на терен ќе имаат посетено во текот на истиот ден и колку време им е потребно да ги соберат сите информации во едно домаќинство, таа потенцира дека според протоколот секој попишувач ќе има обврска пред влегувањето во секое домаќинство да се дезинфицира.

„Тоа значи дека треба да стави маска, да ги дезинфицира рацете и лаптопот и потоа да влезе во вашето домаќинство.

Кога ќе излезе од вашето домаќинство повторно ќе го стори истото, така што сметаме дека почитувјаќи ги овие правиле нема причина за сомнеж да се случи можеби некој да го пренесе вирусот, појасни Ѓоргиева.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитриевски до Владата и пратениците: Народот во песни ќе ве опева како уништувачи на сопствениот род

Редакција

За влез во Србија преку Табановце се чека подолго време поради црвеното ниво на безбедносен ризик од тероризам

Редакција

360 степени: Министерката Сања Божиновска има и бугарско државјанство

Редакција