Државното правобранителство остро ги осудува последните шпекулативни напади врз институцијата, велат од таму во соопштение.
„Основната надлежност и задача на Државното правобранителство е одбрана на државата во голем број судски постапки односно над 200 илјади предмети од кои 65 000 се само во подрачје Скопје. При толкав обем на предмети се соочуваме со недостаток на кадар или премал број на стручни лица и затоа се ангажираат лица на договор за дело за месечен хонорар и целосно законски, бидејќи институцијата нема финансиска согласност за вработувања на потребниот стручен кадар.
Посочуваме дека објавувањето лични податоци на граѓани е крајно неетички и неморален чин и претставува повреда на Законот за лични податоци“, велат од Државното правобранителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Телма: И сестрата на “несудената конзулка“ Ејупи земала хонорари од Државно правобранителство
Фокус: „Несудената конзулка“ наплатила скоро 12 илјади евра од 5 институции