Во врска со спроведувањето на конфискацијата врз имотот на „Трансмет“, Државното правобранителство соопшти дека по добиеното Барање од Агенцијата за управување со одземен имот ги има преземено сите мерки и правни дејствија за заштита на имотните права и интереси на Македонија.
– Во таа насока, поднесени се тужби за утврдување на неважечки правни дела. Во овие постапки првостепениот суд ги има уважено посебните барања и има определено привремени мерки за забрана за отуѓување, оптоварување или на било кој друг начин располагање со недвижностите, се наведува во соопштението од Државното правобранителство на Македонија.
При тоа, како што посочуваат од Државното правобранителство, дел од судските постапки се правосилно завршени и донесени се и пресуди со кои се утврдува ништовност на склучената спогодба помеѓу „Трансмет“ и „Пуцко петрол“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Пуцко петрол“ најмногу во ќар од неуспешната конфискација на имотот на „Трансмет“
Фото: Унсплеш