еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

До среда Македонија во портокалово ниво на опасност од високи температури

До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

УВ индексот во поголем дел од земјава ќе има многу висока вредност 10.

Во земјата утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 10.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалувањето на казните за казните е “пазар“ со Груевски за да обезбеди пратеници за уставните измени, објави СДК

Редакција

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милиони прегледи и 400 000 успешни приказни 

Редакција

(ФОТО) „Ова сме јас и мама“: Девојка од Сараево, 29 години подоцна се препозна на фотографија на грчки фоторепортер од периодот на војната

Редакција