еМагазин
Image default
Локално

ДСЗИ: Загадена храна од „Гала кујна“ причина за цревните инфекции кај децата во ФФМ

Согласно стручното мислење на ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, затекнатата загадена храна од објектот „Гала кујна“ која во трпезарија на ФФМ ја консумирале седумте деца фудбалери е причина за појава на цревни инфекции кај нив, односно постои основано сомнение дека се работи за алиментарна токсоинфекција.

Ова го соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој изврши контролен инспекциски во врска со труењето со храна на децата.

Од ДСЗИ посочуваат дека во брисевите од работните површини во објектот на „Гала Кујна“ не се најдени патогени бактерии, како и во испироците од раце на вработените лица, како што покажуваат резултатите од микробиолошката анализа од земените примероци во Одделението за микробиологија при ЈЗУ Центарот за јавно здравје Скопје.

Земениот примерокот вода, како што се наведува, одговара на законските и стручни прописи, согласно Правилникот за безбедноста на водата, додека примероците на храна не одговараат за употреба согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми на храната за што е надлежна Агенцијата за храна и ветеринарство.

Со оглед на фактот дека од земените материјали од жива и нежива средина не се изолирани патогени бактерии, а при контролен инспекциски надзор констатирано е дека преземени се наложените мерки, симната е лентата за забрана за работа и објектот на „Гала Кујна“ и тој од утре ќе почне повторно со работа, истакнаа од ДСЗИ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради чести одрони се препорачува многу внимателно возење по патиштата во Дебарско

Редакција

Хорор во Дебар: Скопјанец го силувал синот

Редакција

Обилните дождови ја заматија водата за пиење во Гостивар и Тетово

Редакција